5 јајца
250 г шеќер
350 г брашно
150 г путер
500 г малини
1 прашок за печиво
100 г шеќер во прав Јајцата изматете ги со шеќерот и додадете го растопениот и изладен путер. Потоа додадете ги брашното, прашокот за печиво и малините, и промешајте. Нанесете ја смесата во тава, обложена со хартија и печете 30 минути на 200 степени.
Изладениот колач исечете го на парчиња и по желба наросете ги со шеќер во прав.