Што е стратегија на уништување? Кој го предизвикува ова колективно незадоволство и омраза на луѓето меѓу себе? Дознајете повеќе во овој текст за кој се помачивме подоста со истражување. Тоа е лудоста на нашата реалност и сегашност, парадигма на изнудување, вперување на прст кон другиот, така што целокупната фрустрација на општеството може да биде уште еднаш пренасочена. Дали ни се случува колективно лудило?
Изреволтиран од пресудата на непартиското судство и фамозниот судија Тодоровски (се мисли на ослободувањето на Заев) што при очи слеп се прави, прашувам што се друго ќе ни направат и ќе ни сервираат? Мораме да најдеме лек, панично почнувам да читам, надевајќи се дека ќе го најдам одговорот помеѓу книгите. И налетувам на книга на Дејан Атаначкович. Тој пластично објаснува едно прашање што никако не можам да го составам, а тој го опишал толку перфектно. Како гледате на колективното и лудилото на поединецот. Зошто не е група на индивидуални луди луѓе колективна. – Идејата за лудило е социјална конструкција. Лудак е, историски, личност за која општеството нема соодветна социјална рамка. Тоа може да биде пророк, будала, несакана непријателска индивидуа за општеството. Единствената рамка која ќе понуди redneck општеството е прогонување или затворање со методи за хоспитализација и тирански третман почнувајќи уште од 18-ти век. Тогаш тоа веќе нема да биде луд човек туку пациент .Но пациентот или неговата улога во општеството ќе остане повеќе или помалку иста, улогата на жртвено јагне на кој се предвидува да се практицираат разни стравови на општеството. Не знам дали би го користел терминот колективно лудило – вели Атаначкович. Мислам дека надвор од она што може да се смета за колективно лудило, се уште се крие многу прецизна намера, односно систем кој се базира на предизвикување на политичка нестабилност, економска криза, која произведува ирационална слика и се однесува на еден имагинарен спин на дезинформации или поедноставен трик на замајување и лажење. Таа група на индивидуални луди луге нарекувани светски поредок се толку извештени во тоа што поседуваат доволно елементи за производство на трајно невротична држава, за потоа таа држава со изгубени поедници кои ретко кога се свесни за колективното лудило кое се пренесува во секој дом секој поединец и се убива се што е здраворазумско е продолжение на лесно остварливите криминални намери на оваа тесна група на поединци. Колективното лудило е стратегија на болните умови. Освестете се, Ние не сме болни. Нас не разболуваат за да не Контролираат, Крадат, Разнебитат и Уништат.