Колку долго може да издржи брашното и како да знаете дека е расипано?

Предизвикувачките и неизвесни времиња ги принудија повеќето луѓе да складираат одредени видови храна, особено брашно чии полици во продавниците станаа празни преку ноќ. Сепак, не е лошо да се знае колку долго може да издржи брашното и како изгледа кога ќе се распадне.
Иако брашното е термички обработена храна и само по себе содржи мала количина на влага, брашното исто така треба да се ракува правилно.
Обичното брашно најдобро е да се искористи 6-8 месеци по напишаниот датум на производтсво, додека целото брашно треба да се употреби 4-6 месеци по истиот датум.
За да го продолжите рокот на траење на брашното, можете да го чувате во фрижидер или дури и во замрзнувач. Со чување на брашното во фрижидер можете да го продолжите рокот на траење до една година, додека во замрзнувач може да го продолжите до две или три години.
Видот на брашното исто така игра клучна улога, а најдолго трае обичното бело брашно, додека она со интегрални житарки, вклучително и цели зрна, има пократок рок на траење.
Како изгледа расипано брашно?


Еден од најдобрите показатели дека брашното е расипано е мирисот. Ако забележите дека брашното добило мирис како запалено (меѓу народот познато под србизмот ужегнато), тоа е веројатно знак дека треба да се збогувате со него, дури и ако рокот покажува поинаку. Спротивното е точно, ако рокот е истечен, но брашното сè уште нема мирис – можете да продолжите да го користите некое време.
Знак дека брашното е расипано може да биде и кога ќе ја смени бојата или ќе му се појави мувла или појава на молци.
Влажноста или високите температури обично доведуваат до појава на молци. Дури и и да го чувате брашното на темно место во оставата, не сте ја завршиле работата. Најдобрата опција да го заштитите од инсекти и мувла е да не го чувате во хартиени кеси, туку брашното да го чувате во затворена тегла или фрижидер.
Треба да биде на суво и темно место.
Топлината и сончевата светлина може да го расипат брашното дури и порано отколку што пишува на задната страна од пакувањето, затоа погрижете се да е подалеку од рерната или други извори на топлина и светлина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.