Колку е ладната вода лоша за дигестивниот систем?

Внатрешната телесна температура е околу 36 степени Целзиусови, така што за нормална функција и варење на телото треба да пиеме вода со слична температура.
„Кога пиеме ладна вода, нашето тело треба да потроши многу енергија за да ја подигне температурата на водата, оставајќи ни помалку енергија за заздравување и за ментални функции“, објаснува експертот за традиционална медицина Сахара Роуз за Mind Body Green.
Ладната вода може негативно да влијае на дигестивниот систем, бидејќи го забавува.
„Пиењето ладна вода ги стеснува крвните садови и можеби немате ефикасна функција и апсорпција, додека пиењето топла вода ги проширува крвните садови“, објаснува експертот.
Многу лекари препорачуваат ладни пијалоци за време на вежбање или на оние кои живеат во потопла клима.
„Студената вода може да спречи значително зголемување на телесната температура, и ве освежува и лади“, додава Роуз.
Ако сте жедни, не е паметно да почекате водата да достигне совршена температура. Задржувањето на хидратацијата треба да биде ваш главен приоритет, особено за време на потоплите годишни времиња и додека вежбате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.