Доктор Драган Стојичевиќ на ТикТок објавил видео кое прикажува како изгледа лупењето на кожа откако ќе изгорите на сонце и истакнал дека во тој случај станува збор за изгореници од втор степен.
„Покрај можностите да се појават изгореници, промената на бојата (хипо или хиперпигментација) и инфекции, најголемата опасност е долгорочната. А, тоа е долгорочно оштетување на кожата и можност од настанување на најмалигното заболување воопшто – појава на меланом“, вели хирургот Стојичевиќ.
На лупењето на кожата се склони и возрасните, но и децата.
„Кај децата оштетувањето по изгорениците од Сонцето се третираат исто како и кај возрасните, со адекватна нега, најдобро е да се побара помош од детски хирург којшто ќе препише одредена терапија. Тоа што е поголем проблем е фактот што кожата кај децата е почувствителна на претходно опишаните долгорочни оштетувања, во смисла појава на заболувања во подоцнежната доба од животот“, објаснува докторот.
Хирургот Стојичевиќ додава и дека деловите од кожата можат евентуално да се извадат со стерилни ножици – станува збор за деловите при врвот на кожата кои се лупат, па напоменува:
„Секогаш советувам да се побара помош, во акутните фази помош од хирург или дерматолог“.
Колку е ризично кога кожата ќе изгори до тој степен?
„Исклучително се опасни таквите оштетувања. Постојат бројни студии кои ја покажуваат поврзаноста на карциномот на кожа, меланомот со изгореници кај оние кај кои постои лупење на кожата. Редовните прегледи кај дерматолог со дермоскопија се задолжителни, особено доколку во региите кои изгореле од сонцето постојат пигментни промени, бенки и слично“, истакнува докторот и додава:
„Кај површинските изгореници од прв степен кај кои нема лупење на кожата, се користат мевлеми кои можат да се набават во аптеките. Важна е хидратацијата на кожа и употреба на препарати кои делуваат смирувачки. Кај изгорениците од втор степен потребна е помош од доктор“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.