Денот на чоколадата е основан во 2009 година за да го одбележи доаѓањето на чоколадото во Европа во 1550 година.
Според „Дејли стар“, околу милијарда жители на нашата планета секојдневно јадат чоколадо, а нутриционистите советуваат дека најздраво од сите видови е црното, т.е. она со поголем процент на какао.
Млечните производи имаат повеќе шеќер
Млечната чоколада содржи одредени здрави состојки, но во многу помала количина. Во просек, млечното има од два до четири пати помалку антиоксиданси од темното чоколадо.
За да го имате истиот позитивен ефект од овие состојки, би требало да јадете поголема количина, но тоа значи и повеќе шеќер и масти.
– Темното чоколадо е полно со антиоксиданси и минерали кои му се неопходни на организмот, па само 30 грама дневно се доволни за одржување на нормален крвен притисок, подобрување на расположението, а кожата ќе ви биде почиста – пишува „Дејли стар“.
Овој вид чоколада содржи цинк кој позитивно влијае на имунитетот, а се препорачува и во борбата против корона вирусот.
Белото чоколадо не е чоколадо
Ако сакате бело чоколадо, треба да знаете дека тоа не е чоколадо, бидејќи воопшто не содржи какао. Се прави од какао путер, млеко и шеќер