Долго се верувало дека здравата и квалитетна исхрана содржи 4 групи намирници – млечни производи, месо, житарици и овошје и зеленчук. Сепак, денешното мислење на експертите драстично се разликува.
Колку месо и млечни производи смееме да консумираме дневно?
Постојат многу дилеми во врска со исхраната – од квалитетот на производите за кои се верува дека денес се полни со секакви супстанци за продолжување на трајниот рок, до нови болести кои се појавуваат и се поврзани токму со оваа храна.
Канадскиот водич за здрава исхрана, сега има само еден фаворит од групата намирници, а тоа се овошјето и зеленчукот. Според мислењето на експертите, на сите нам ни е потребно многу повеќе храна од растително потекло.
Научниците од Канада сметаат дека половина од чинијата треба да биде полна со овошје или зеленчук, четвртина со квалитетни протеини, а другата четвртина со житарици со цело зрно. Исто така, тие советуваат да се консумираат помалку месо и млечно производи, а протеините да се внесуваат преку храна со растително потекло, како печурки и тофу.
Одлуката за оваа голема промена на водичот за здрава исхрана предизвикала големи расправи. Научниците ја правдаат нивната одлука со тоа дека водичот потекнува од 70-тите години на минатиот век, период кога сè уште не бил откриен гликемискиот индекс и неговото влијание на организмот. Поради ова, храната се третирала многу поразлично.
Покрај зголемениот внес на овошје и зеленчук и намаленото консумирање млечни производи и месо, канадските научници препорачуваат и пиење многу вода. Исто така добро би било да намалите со алкохол и засладени пијалаци што е можно повеќе, бидејќи тие се полни со калории, а немаат никаква хранлива вредност.