Кристијано Роналдо е познат како семеен човек којшто сè што е поврзано со неговиот живот сака да го стави на хартија (со адвокат во суд).
Според пишувањата на одредени медиуми од Шпанија, Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез, потпишале договор во случај на разделба и крај на нивната љубов.
Роналдо на Џорџина ќе ѝ ја подари куќата во Мадрид и доживотно ќе треба да ѝ плаќа 100.000 евра месечно за живот во случај на разделба.
Парот потпишал договор којшто го подготвил агентот на фудбалерот, Жорж Мендеш.
ТВ-страницата „iy Portugal Guia“ неодамна објави и детали од договорот. Документот наводно бил потпишан во текот на 2017 година кога Џорџина била бремена со нивната најстара ќерка Алана Мартина.
Исто така се споменува дека условите на договорот биле сменети по смртта на еден од новородените близнаци во јуни минатата година.
Кристијано Роналдо и Џорџина моментално летуваат на Сардинија заедно со нивните деца, а избраничката на еден од најдобрите фудбалери на светот со денови на социјалните мрежи објавува интересни фотографии.