Многу е лесно себеси да се наречеш човек, додека свесно ги повредуваш оние кои во моментот не изгледаат соодветно. Причините за лошиот надворешен изглед можат да бидат најразлични.. сиромаштија, стрес, болест.. Но, дали среќата и човечноста можете да ги купите со пари и дали надворешниот изглед е сè што ве интересира?
Едно летно попладне, по најголемата жештина, во локалната слаткарница влегол човек облечен во износени алишта и неуреден изглед и седнал на една од масите.
Келнерот дошол до неговата маса и гледајки го нетрпеливо, му рекол:
– Кажи.
Човекот го прашал колку чини порција од најубавиот сладолед што го имаат.
– 200 денари – одговорил келнерот.
Човекот извадил од џебот грст ситни пари и почнал да ги брои. Кога ги избројал, прашал колку чини порција од некој поевтин сладолед.
– 150 денари – одговорил нетрпеливо келнерот.
Човекот побарал да му донесе од поевтиниот сладолед.
Келнерот го донел сладоледот, го оставил на масата со нељубезен понижувачки поглед и си заминал.
Човекот го изел сладоледот, си ја земал фискалната, отишол на касата, платил со ситните пребројани пари и си заминал.
Келнерот дошол да ја раскрене масата и бришејќи ја, под тацната од сладоледот нашол 50 денари.
Бакшиш за него, од човекот во износените алишта и неуреден изглед.