Како што обично бива кога тактизирањето и немањето став станува начин на водење на работите, почна да еруптира незадоволството кај членовите на ВМРО. Оние пак што се членови на Мицковски, или подобро кажано клиентелата сеуште го чека фамозниот 10ти септември кога месијата треба да соопшто што се договорил. Истовремено на Бога се молат да се совпадне ставот на Мицковски со ставот на 90 проценти од членството односно истиот да се осмели да каже дека БМРО-ДПМНЕ ќе го бојкотира овој неуставен и незаконски референдум. Дотогаш еве го ставот на комитетот од Струга. По ова уследија лавина позитивни реакции на социјалните мрежи. Очигледно ова е правата анкета за членството.
Партијата ни значи многу но државата малку повеќе од се! Почитувани стружани , драги браќа и сестри! Ве известувам дека изминатиов период во комуникација со поширокото членство на ВМРО ДПМНЕ при ОК Струга речиси едногласно сме сложни дури и да има било каква сугестија или наредба од страна на раководството на партијата, ние, чесните и никому должни членови, исто како што не ја послушавме сугестијата за локалните избори да не ја послушаме и овој пат евентуалната, спротивно на нашиот став дадена наредба да излеземе на референдум!
Одлуката на нас, никому должните членови е да го бојкотираме референдумот закажан на 30.09.2018год. Исто така сакам да напоменам дека доколку раководството на партијата овој пат тргне против волјата на членството, партијата ќе сноси одговорност на првите било какви избори!
Нам партијата ни значи многу но државата малку повеќе од се!
Ги повикуваме нашите браќа сопартијци, членови од останатите општински комитети на ВМРО ДПМНЕ да не поддржат и што поскоро да излезат јавно со став #бојкот на референдумот ! Раководството не е партијата! Партијата е членството и овој пат мора да се почитува волјата на поширокото членство од ВМРО ДПМНЕ!
Објава на ФБ статутот на Васко Јолески