Потребни состојки:
400 мл вода
1 кафено лажиче сол
20 гр путер
120 гр компир пире во кесичка
1/4 кафено лажиче сув магдонос
150 гр сланина
150 гр кашкавал
2 јајца
брашно по потреба за валкање
презла по потреба за валкање
Подготовка:
Водата ставете ја да проврие, додадете сол и путер. Откога ќе почне да врие додадете го компирот од кесичка и сварете го пирето, а потоа оставете го 15 минути да се излади.
Додека се лади пирето сланината исецкајте ја на ситни коцки и додадете ја во пирето, а потоа и магдоносот. Смесата поделете ја на 10 дела во секој дел ставете парче кашкавал и формирајте ролна.
Секоја ролна се валка прво во брашно, потоа во јајце и на крај во презла. Се пржат на загреано масло додека добијат убава боја.
На здравје !!!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.