Тренерот на Јувентус, Антонио Конте, нема многу причини да биде задоволен и покрај одличните резултати кои ги постигнува со екипата.Поранешниот италијански репрезентативец, во понеделникот, три часа бил сослушуван од Државниот обвинител во Рим, поради наводната негова вмешаност во лажирање на натпревари, во периодот додека бил тренер на Бари во 2008 и 2009 година.Конте, еднаш веќе беше казнет, со четиримесечна суспензија, бидејќи не пријавил дека натпреварот на Бари со Сиена бил наместен.Тренерот на Јувентус, повторно се соочува со казна откако истражителите се сомневаат дека тој знаел и за наместените натпревари на Бари против Тревизо односно Салернитана.Бари ги загубил споменатите натпревари, но во двете ситуации не му требала победа, во 2008 година тимот се наоѓал во безбедната зона, додека во 2009 веќе имал обезбедено пласман во Серија А.
МакфаксТренерот на Јувентус, Антонио Конте, нема многу причини да биде задоволен и покрај одличните резултати кои ги по