Костадин Костадинов – нов портпарол на СДСМ

Како што соопштија од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пратеникот Костадин Костадинов е нов портпарол на партијата. Костадинов од 2013. до 2016. година бил советник во Советот на Општина Струмица, а од 2010. до 2018. година претседател на подмладокот на СДСМ во Струмица.
Во февруари 2017. година Костадинов ја презема функцијата вршител на должност градоначалник на општина Струмица, која ја извршуваше до ноември 2017. година, за истата година да стане  пратеник во Собранието од СДСМ и коалицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.