Костени – симбол на есента и богатство за здравјето

Здрава храна
Витаминот Б од костените помага во растот на црвените крвни зрнца, ги разградува јаглехидратите, протеините и мастите и дава енергија и сила. Богатството од Б-витамини, кои се наоѓа во костените, ги зајакнува мозочните функции и меморијата, а севкупно ја подобрува активноста на мозокот и придонесува за здрав нервен систем. Костенот содржи манган, кој се бори со слободните радикали во телото и го намалува ризикот од срцеви заболувања и рак. Исто така, игра клучна улога во процесот на стареење и помага во спречување на згрутчување на крвта.
Богатството со растителни влакна, овозможува добра работа на цревниот систем, добра состојба на бактериската флора, спречува запек и благотворно влијае на имунитетот. Печените костени се богати со калиум, па затоа се сметаат за корисни за лицата со хипертензија. Тоа се должи на фактот што има изразено диуретично дејство и придонесува за излачување течности кај луѓето што страдаат од задржување на водата во организмот.
Костенот има способност да ја исфрли водата од телото, а со тоа помага при проблеми со бубрезите и желудникот, а помага и во циркулацијата и протокот на храната низ цревата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.