Конзервирањето ја одржува храната свежа и добра за јадење, особено онаа што е склона кон развој на разни патогени микроорганизми, а во процесот на зачувување на храната, намирниците исто така поминуваат низ процес на стерилизација.
„За жал, резултатот е значителна загуба на хранливи материи, но штом се конзервираат, овошјето или зеленчукот може да стојат со години, безбедни од опасни микроорганизми“, објаснува нутриционистот д-р Џес Кординг и открива која, според мислењето на професионалците, е најздравата конзервирана храна.
Тоа се конзервирани сардини и други видови конзервирана риба кои се достапен извор на протеини, но исто така и одржливи и не бараат долга подготовка или готвење. Додавањето конзервирана риба во вашата исхрана има голем број здравствени придобивки.
„Конзервираната сардина обично има помалку жива од многу други видови риби и се смета за еден од најдобрите избори на морска храна, особено ако не ви е достапна свежа“, вели Кординг.
Со нив, додава таа, внесуваме големи количини на протеини, витамин Д и антиинфламаторни омега-3 масни киселини, а маслиновото масло дава моно-незаситени масти кои се здрави за срцето, објаснува таа.
Како да јадете сардини?
Се препорачуваат две до три порции риба со ниска содржина на жива неделно, а Кординг препорачува да ги комбинирате со тестенини или крекери за ужинка.
Еве уште неколку интересни рецепти во кои можете да употребите конзервирани сардини: