Кралот Чарлс Трети на почетокот на годината откри дека има рак, но не навлегува во детали за болеста.
Оттогаш, јавноста може ретко да го види на некои јавни настани, но Бакингемската палата не објави никакви вести за неговата состојба.
Сега, можеби за прв пат, накратко проговори за неговата состојба.
Така деновиве тој отпатува во Саутпорт во северна Англија, а тоа требаше да им оддаде почит на жртвите од настапот на Тејлор Свифт, во кој животот го загубија три млади жени. Токму таму го прашале како се чувствува среде битката со ракот, а неговиот одговор ги изненадил сите.
„Не сум толку лошо“, кратко рече тој.
Што знаеме за болеста на кралот Чарлс III?
На британскиот крал Чарлс Трети му беше дијагностициран рак, објави Бакингемската палата на 7 февруари 2024 година.
Дијагнозата е поставена во текот на процедурата поради зголемена простата. Кралот започна со лекување и му беше препорачано да ги одложи сите јавни обврски.
Бакингемската палата не откри за каков вид на рак се работи, ниту пак каде ќе се лекува кралот.
Сепак, тие нагласија дека не се работи за рак на простата.