По новогодишната прослава кога сигурно изедовте многу месо, руска салата и кифлички, време е за нешто лесно и хранливо.
Температурите полека паѓаат, а тоа значи дека најдобар избор е здрава крем супа од зеленчук. За згуснување на супата, во овој рецепт се користи овес, што ќе ви даде и дополнителна доза на протеини и влакна.
Потребни состојки:
1 лажица масло од репка (15 мл)
1 мала главица кромид, ситно сечкана
1 страк целер, ситно сечкан
1 голем морков, ситно сечкан
1 лажица путер (15 мл)
1 чешне лук, толчен
½ шолја мелени овесни снегулки
1 шолја супа од зеленчук (250 мл)
1 шолја пченка, свежа или замрзната
1 шолја боранија, свежа или замрзната
4 шолји млеко
½ кафена лажичка сува мајчина душица
½ кафена лажичка сол
Мелен бибер по вкус
Следете ги инструкциите во видеото и уживајте во топлата крем супа!