Крем супа од тиква и праз

За љубителите на крем супи еве еден предлог за здрава и вкусна комбинација.
1. Прво се чисти тиквата, па ја сецкаме на мали парчиња. Потоа го миеме и сецкаме празот.
2. На средна температура го загреваме маслиновото масло, го додаваме празот, мешаме и динстаме неколку минути. Ги додаваме и парчињата тиква, додаваме вода или бујон(по желба) колку да биде прекриен зеленчукот. Нека зоврие, па вариме околу 40-на минути (проверете дали е сварена тиквата). По потреба налејте вода, така да цело време нека биде прекриен зеленчукот.
3. Нека олади неколку минути супата, па зеленчукот и дел од течноста префрлете ги во блендер, посолете, ставете црн бибер- изблендирајте, остатокот од течноста додајте го ако има потреба.
Послужете топло, по желба додадете павлака – ако не ви е битно дали е посна варијанта.
Забелешка – понекогаш во оваа комбинација додавам и компир, ама во тој случај ја зголемувам и течноста поради густината од компирот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.