Крем чорба од сладок компир

2 слатки компири
200 г ситно исечкан праз
1 зелено јаболко
1 исечкан корен од целер
3 изгмечени чешниња лук
1 лажичка рендан корен од ѓумбир
1/2 чаша солени семки од тиква
маслиново масло, сол и мелен црн пипер
На загреано маслиново масло во тенџере на оган пржете ги празот и лукот. Откако празот ќе омекне додадете ги излупените парчиња јаболко, целерот и ѓумбирот, и кратко запржете. Потоа додадете ги излупените и на парчиња исечени компири и 1 литар вода, и варете околу 15 минути. Извадете ги зеленчукот и овошјето, и измиксајте ги во блендер. Вратете ја смесата во тенџерето, зачинете и оставете чорбата да зоврие. Сервирајте и наросете со семките од тиква.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.