Кремаст колач што ќе го правите цело лето!

Вкусно и едноставно. Изненадете ги саканите со вкусен десерт.
Состојки:
6 јајца
6 лажици пченично брашно
6 лажици шеќер
3 лажици какао
1/2 прашак за пециво
За шербет:
400мл вода
14 лажици шеќер
За фил:
1л. млеко
12 лажици шеќер
13 лажици брашно
1 маргарин
100гр. шеќер во прав
1 ванилен шеќер
За глазура:
100гр. чоколада
1 лажица маргарин
4 лажици млеко
4 лажици масло


Подготовка (ова се мерки за плех со димензии 37х25х5)
Изматете ги пенасто белките со шеќерот, да дојдат до состојба како цврст снег, па додадете ги жолчките. Откако ќе ги соедините ги, додадете ги брашното, какаото и половина пециво. Печете на 220 степени.
Додека пандишпанот се пече подгответе го шербетот, а кога ќе почне да расте намалете ја температурата, па после неколку минути исклучете ја. Топлиот пандишпан прелијте го со топлиот шербет. Додека рерната ви е сеуште топла, ставете ги во сад состојките за глазурата и оставете ги внатре.
12-те лажици шеќер измешајте ги со 13-те лажици брашно и малку млеко, па потоа измешајте ја смесата со млекото кое што веќе би требало да врие. Намалете ја температурата на минимум и мешајте 5-10 минути, додека филот не се згусне.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.