КРЕМАСТ МУС ОД МАЛИНА: Подобар летен десерт не постои!

Ако сакате да јадете нешто слатко без да биде премногу калорично и тешко, мусот од малина е вистинскиот избор.
Состојки:
100 гр малини
1 банана
половина чаша бадемово или кокосово млеко
лажичка мед
Подготовка:
Ставете ги состојките во мешалка и добро измешајте. Потоа ставете го во фрижидер половина час, а потоа украсете со малини или рендано црно чоколадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.