Водачите на одредени криминални кланови, преку свои луѓе кои имаат пристап до владиниот авион, имаат намера да предизвикаат дефект на леталото со кое патуваат претседателот, премиерот или вицепремиерот на Република Србија.Ова во четврток вечер го соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, појаснувајќи дека дефектот би предизвикал делумно оштетување и по полетувањето би дошло до пад на авионот, при што потоа не би можело да се утврди дали е во прашање намерно предизвикан дефект, бидејќи авионот во последно време почесто се расипувал.Според податоците на Безбедносно-информативната агенција(БИА), тој план би бил остварен со помош на лица кои имаат пристап до владиниот авион.За овие сознанија бил информиран и српскиот премиер Ивица Дачиќ, кој се наоѓа во Ирска. По консултациите меѓу Дачиќ и вицепремиерот и министер за одбрана Александар Вучиќ, одлучено е да продолжат меѓународните активности.Во договор со членовите на екипажот на авионот, Дачиќ одлучил вечерва со истиот авион да се врати во Белград.Полицијата ова соопштение го објави под ознаката „итно“.БИА претходно во текот на денот го информираше српското МВР дека владиниот авион, со кој премиерот Дачиќ отпатува во Даблин, не е безбеден, дознава „Блиц“, па БИА проценила дека може да дојде до диверзија.По ова Дачиќ бил информиран да не влегува во авионот додека не се изврши вонредна контрола, но српскиот премиер сепак решил да се врати во Белград.„Имам обврски и морам да се вратам. Не сакам да го откажувам летот“, му рекол Дачиќ на директорот на полицијата.
МакфаксВодачите на одредени криминални кланови, преку свои луѓе кои имаат пристап до владиниот авион, имаат намера да предизвикаат дефект на леталот