Потребни состојки:
Тесто
250 гр брашно
110 гр путер
2 лажици шеќер во прав
1 лажичка сол
2 јајца
Крем
1 тегла компот од праски(700 гр)
1 пудинг од ванила
2 лажици шеќер
Подготовка:
Прво се замесува тестото. Во брашното се става путерот исечен на коцки ,солта и шеќерот во прав. Се меша со дрвена лажица. Се додаваат и јајцата ,мешаме и тестото потоа го домесуваме со рака.
Готовото тесто во најлонска фолија го замотуваме и ставаме во фрижидер да одстои 2 часа.
За тоа време го приготвуваме кремот.
Компотот од праски го миксираме со рачен блендер. Го ставаме на оган и кога ќе зоврие му се додава разматениот пудинг со 2 лажици шеќер и малку вода. Кога ќе згусни,се трга на страна за да олади.
Од тестото тргаме 1/4 , а останатото со сукало го тегнеме и го ставаме во плех(бр.24). Го полеваме кремот. Од останатото тесто можете да направите ленти или други форми .
Ги ставаме врз кремот и ја печеме кростата на 180 околу 25 минути.
*Тестото најдобо е да се сучи мегу 2 листа хартија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.