900 г остро брашно
100 г меко брашно за размесување
4 јајца
300 мл јогурт
200 мл вода
40 г свеж квасец
150 г шеќер
150 г шеќер во прав
250 г путер/маргарин
Во млака вода разматете го квасецот и ставете лажица шеќер. Во вангла истурете остро брашно, јогурт, јајца, остаток од шеќерот, растопениот путер и активираниот квасец. Со лажица соединете тесто, така да биде меко и лепливо. Добро изматете го, па оставете да отстои еден час, да се удвои.
Нараснато тесто наросете го со меко брашно и размесете го на работна маса. Со сукалка развлечете кора со дебелина од 1 – 1 1/5 см.
Со чаша вадете форми и редете ги во намасена тава. Водете сметка да остане простор меѓу крофните бидејќи тие доста нараснуваат, па затоа нема да ви ги собере сите во една тава. Оставете ја првата тава да отстои 15 минути, па вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Дури тогаш со чаша вадете ја втората тура крофни, за да не ви престасаат.
Откако рерната ќе се загрее, а крофните се удвоиле, ставете ги да се печат додека да добијат светло кафена боја. Додека се печат, растопете го остатокот од путерот и штом ги извадите од рерна, крофните веднаш премачкајте ги и извалкајте ги во шеќер или во мешавина од шеќер и цимет.