КРЦКАВА ПИТА СО СИРЕЊЕ! Подготвена на овој начин, веднаш ќе исчезне од вашата трпеза

Сега е севршено време да направите една пита со сирење
СОСТОЈКИ:
тенки кори
250 гр сирење
3 јајца
2 лажици пченкарно брашно
1/2 прашок за пециво
200 мл јогурт
50 мл масло
ПОДГОТОВКА:
Изматете ги јајцата и додадете пченкарно брашно, прашок за пециво, јогурт, масло и измешајте сѐ. Исронете го сирењето.
Раширете ја кората на масата и премачкајте ја со филот и свиткајте го аголот како шамија. Наредете го сирењето на поширокиот дел, потоа свиткајте ги аглите и аголот за да се формира писмо, кое малку ќе го премачкате и ја завиткате во ролна.
Се редат во намастена тава. До крај и прелијте со остатокот од филот. Печете на 200 степени околу 40 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.