Куглоф со ф’стаци

Ф’стаците се омилени на многумина, а најголемите љубители ги користат за подготовка на различни јадења и десерти. Еден од нив е и овој вкусен куглоф.
Потребни состојки:
6 јајца
200 г путер
200 г шеќер во прав
1 ванилин шеќер
300 г брашно
200 мл матеница
150 г мелени ф’стаци
100 г мелени бадеми
Половина вреќичка прашок за печиво
Прстофат сол
Малку путер и брашно за калапот
За глазура
100 г шеќер во прав
5 големи лажици сок од лимон
Начин на подготовка:
Намачкајте го калапот за куглоф и наросете го со брашно. Изматете ги белките со прстофат сол во цврст снег. Брашното, мелените ф’стаци, бадемите и прашокот за печиво промешајте ги во посебен сад.
Путерот омекнат на собна температура изматете го со шеќер. Потоа додајте едно по едно јајце и промешајте. Потоа додајте ја матеницата. Пополека додавајте го брашното и изматениот снег од белки.
Прелијте ја смесата во калап и печете на 180 степени околу 50 минути. По печењето, оставете го колачот да се излади.
Подгответе ја глазурата. Шеќерот во прав промешајте го со сок од лимон додека да добиете убава смеса. Кога куглофот ќе се излади, премачкајте го со глазурата, украсете со сечкани ф’стаци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.