Доколку се прашувате како на креативен начин да го поминете времето со вашите деца, ние ви предлагаме еден совршен рецепт кој ќе биде идеален производ на вашата креативност!
Куглоф-штрудла со јаболка
Потребни состојки:
За тестото:
500 г брашно
1 јајце
80 г шеќер
80 мл масло
240 мл топло млеко
20 г свеж или 7 г сув квасец
1/4 лажичка сол
1 рендана кора од портокал
2 кесички ванилин шеќер
За филот:
1 јаболко со средна големина
сок од половина лимон
1 лажичка шеќер
60 г суво грозје
сок од портокал
60 г ореви
150 г џем од кајсија
За премачкување на тестото:
1 јајце
Начин на подготовка:
Растворете го квасецот во дел од топло млеко и додајте 80 г шеќер, промешајте сè и оставете квасецот да надојде.
Додајте го маслото, шеќерот, јајцето и ванилата во остатокот од млекото и измешајте ги. Ставете го брашното во длабок сад и додајте сол.
Додајте ги течните состојки, надојдениот квасец, кората од портокал и замесете тесто, додавајќи брашно, по потреба.
Кога смесата ќе се спои, ставете го тестото на работната површина и месете со рака, околу десет минути.
Обликувајте го во топка, премачкајте еден сад со масло и свртете го тестото неколкупати за да го премачкате целосно со маслото.
Покријте го садот со проѕирна фолија и оставете го тестото да го удвои својот волумен на топло место.
Исцедете сокот од половина портокал (ако е помал, цел) и потопете го сувото грозје.
Оревите исечкајте ги рачно.
Излупете го јаболкото и исечете го на потенки парчиња, истурете врз него сок од лимон, посипете со лажичка шеќер и измешајте.
Тестото превртете го на работната површина планирајќи доволно место на набрашнетата работната површина и расукајте кора со дебелина од половина сантиметар.
Тестото за штрудлата прво се премачкува со џем, на следниов начин – прво нанесете од филот по должина на кората во широчина од 5 см, па оставете еден дел празен, па подмачкајте ги следните 5 см со џем по целата должина, а следниот оставете го празен и така натаму до крајот. Треба да добиете 3 филувани делови и 3 празнини.
На првиот дел посипете сушено грозје, кое претходно сте го исцедиле од вишокот сок.
Средниот дел наросете го со сечкани ореви, а на третиот дел, наредете го со парчињата јаболка кои се преклопуваат едно со друго (посипете малку цимет над јаболката).
Сега преклопете ја штрудлата – првата празнина се преклопува со онаа со сувото грозје. Таа на крајот ги преклопува јаболката.
Исечете го тестото за штрудлата со остар нож на 12 еднакви делови – како да сечете парчиња за сервирање. Наредете ги парчињата со пресекот свртен нагоре во подмачкана модла за куглоф.
Ако користите тава, поставете 10 парчиња наоколу и 2 во средината.
Покријте го и оставете го тестото уште еднаш да нарасне.
Разматете 1 јајце и премачкајте го нараснатото тесто.
Печете во претходно загреана рерна на 175 °C околу 45 до 50 минути и ако почне да потемнува, покријте го тестото со хартија за печење.
Оставете ја печената штрудла во калапот да се олади, потоа свртете ја наопаку и нежно отстранете го калапот, свртете го куглофот и оставете го да се излади.
Наросете со шеќер во прав и уживајте!