Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски заедно со неговите соиграчи од Хановер се пласираа во четвртфинале на германскиот Куп, откако вечерва беа подобри од Десау со 29-27.
Бундеслигашот неочекувано се измачи против второлигашот, но ја оствари посакуваната победа, додека македонскиот ракометар не постигна ниту еден гол.
Во четвртфинале на Купот претходно се пласираа Фленсбург, Кил, Гумерсбах, Магдебург, Лемго и Рајн-Некар.