Куклата на Брисел и на либералната капиталистичка Европа која си дозволи да даде свое мислење со тоа што не ги спомена ниту еднаш зборовите Република Македонија или Македонец!

Нашиот француски пријател Патрис Фере за изјавата на Емануел Макрон: “Каква прекрасна пародија на демократијата! Куклата на Брисел и на либералната капиталистичка Европа која си дозволи да даде свое мислење со тоа што не ги спомена ниту еднаш зборовите Република Македонија или Македонец! Како Французин, можам да се заколнам во мојот живот дека ако странски држави инсистираат да го сменат името на мојата земја, ќе бидам прв што ќе излезам на улица и тоа со оружје ако е потребно.
Кој е овој кловн да каже што суверен народ треба да прави или не? Емануел Макрон го изгуби целиот свој легитимитет во очите на Французите, сакајќи да ги лиже чизмите на неизбраните лица на Брисел! Македонци, гробарот на демократијата и слободната волја ви се обраќа! Слушајте внимателно и правете токму спротивното од она што тој ве советува.
Франција е упропастена благодарение на даноците на Европската унија и Макрон 1-ви (кој се замислува крал). Французите се бесни од лутина бидејќи нивниот лидер отворено ги презира и омаловажува. Мешањето на европските лидери во иднината на Македонија е срам! Ниту еден европски народ нема да прифати такво негирање на демократијата.”
Превод: Ана Симоска

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.