Куќата на Бајден изгоре до темел! Настрада прекрасна вила во Лос Анџелес вредна четири милиони долари! (ВИДЕО, ФОТО)

Куќата на Хантер Бајден, синот на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден, изгоре до темел во пожар што беснее во околината на Лос Анџелес, Калифорнија, објави денеска Дејли мејл.Фотографиите во медиумите покажуваат дека од куќата вредна четири милиони долари во Малибу, која Хантер Бајден ја изнајмувал, останале само два оџаци, а во пожар изгорела и соседната куќа која синот на американскиот претседател ја користел за да го смести своето обезбедување.

Резиденцијата со три спални соби и три бањи имаше панорамски поглед на Пацификот и беше една од домовите што изгореа во пожарот во предградието на Пацифик Палисадес, каде се наоѓаат скапи куќи и имоти во близина на Лос Анџелес.Претходно денеска, претседателот Џо Бајден на прес-конференција рече дека не е сигурен, но дека на неговиот син му било кажано дека имотот му е запален пред да му се даде надеж дека куќата можеби го преживеала пожарот.

– Неверојатно е што се случува. Мојот син живее овде и неговата сопруга. Вчера добија известување дека нивната куќа најверојатно изгорела до темел – изјави Бајден на прес-конференција во Санта Моника, Калифорнија.Фотографиите објавени од медиумите покажуваат дека домот Хантер (54) го дели со неговата сопруга Мелиса Коен, е еден од повеќе од 1.000 домови кои беа целосно уништени во четирите шумски пожари кои сè уште беснеат во округот Лос Анџелес.

Пронајдете не на следниве мрежи: