500 г тиквичка
1 главица кромид
200 мл млеко
100 г свеж босилек
1 чешне лук
2 лажици сок од лимон
рендана лимонова кора
2 лажици маслиново масло
сол и мелен црн пипер
Во блендер ставете ги исечканите тиквички и кромидот, и миксајте додека добиете мазна смеса. Во смесата полека додавајте ги млекото, маслото, лимоновиот сок и листовите босилек. Посолете, зачинете со црн пипер и додадете ја изренданата кора од лимон. Пред послужување чувајте ја супата во фрижидер.