Нема бомба во зградаат на Радиот телевизија Србија , потврди командантот на четата за противдиверзантска заштита на полициската бригада на МВР на Србија, по проверките кои ги извршиле припадниците на оваа единица.
Претходно, со анонимен повик од мобилен телефон, денеска во кол центарот на РТС било кажано дека темперина бомба е поставена во зградата на РТС.
Вработените и полицијата биле инофирмирани за заканата. Дел од вработените ја напуштиле зградата, но дел продолжиле со својата работа.