Лазања со спанаќ и три вида сирење

Лазања со зеленчук и два вида сирење е секогаш добар предлог за ручек.

Состојки:

  • 1 пакување лазања
  • 1 црвен кромид
  • 4 чешниња лук
  • 2 јајца
  • 250-300 гр спанаќ
  • 400 гр рикота сирење
  • 200 гр моцарела
  • 150 грама пармезан

Сос:

  • Малку сос од домати
  • Малку маслиново масло
  • сол, бибер

Подготовка:
Во тава пропржете го црвениот кромид. Се динста додека не омекне и порумени, а потоа се додава лукот и се динста уште малку.
Се трга настрана да се излади малку.
Во поголем сад изматете ги јајцата, додадете ги рикотата, спанаќот и 100 гр моцарела. Додадете сол и бибер.

Кога смесата со динстаниот кромид ќе се олади, додадете ја во смесата со спанаќ. Сè добро измешајте.
Во длабок сад измешајте ги сосот од домати, малку маслиново масло и солта.
На дното на садот за печење ставете го сосот од домати, одозгора листовите лазањи и одозгора смесата со спанаќ и сирење.

Повторете трипати и на крајот прелијте го со преостанатиот домат сос, па ставете ја моцарелата и посипете со пармезан.
Покријте со фолија и печете 30 минути. Отстранете ја фолијата, па вратете ги лазањите да се печат уште 15 минути.

Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.