Лазањи на поинаков начин

Кога немате идеја што да подготвите за ручек, а ви здодеале рецептите што ги имате, секогаш можете да направите малку поинаква верзија на некое јадење и на тој начин да добиете сосема нов рецепт за кој од почеток ќе знаете дека ќе биде вкусен. Затоа ви носиме идеја за овие вкусни лазања ролнички.

Потребни состојки:
за тестото
500 гр брашно
1 лажица квасец
1 лажичка шеќер
100 мл топла вода
2 лажици масло
200 мл топло млеко
сол
за полнењето
1 главица црвен кромид
300 гр мелено месо
масло
зачини за лазањи
топла вода
бешамел сос
кашкавал

Подготовка:
Прво соедините ги квасецот, шеќерот и малку вода за да се активира квасецот. Потоа од горенаведените состојки замесете го тестото и оставете го да стаса.
На умерена температура динстајте го кромидот и потоа додадете го меленото месо. Ако не ви се допаѓа, можете и да го прескокнете кромидот. Додадете ја кесичката зачини за лазањи, а потоа топлата вода. Задолжително намалете ја количината на вода во споредба со рецептот по кој вообичаено правите лазањи, бидејќи класичното тесто нема да ја впие течноста како тестенините.
Кога месото е готово, оставете го настрана да се излади малку. Земете сукало и расукајте го тестото во правоаголник. Потоа премачкајте го со бешамел сос кој можете сами да го направите, или да го купите. Некои луѓе не сакаат бешамел, па оваа состојка можете да ја замените со друг сос.
На тестото рамномерно распоредете го месото и над него изрендајте кашкавал. Внимателно расукајте го тестото и потоа исечете го на парчиња. Наредете ги во тавче обложено со хартија за печење и печете во загреана рерна на 200°C околу 20 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.