Лате макијато со ванила без лактоза

Потребни состојки:
250 милилитри бадемово млеко
2 продолжени дози еспресо (по желба со ванила)
1/8 лажичка екстракт од ванила
1 супена лажица сируп од агаве (по желба можете да замените со јаворов сируп или мед)
Начин на подготовка:
Додајте го бадемовото млеко, ванилата и сирупот во мало тенџере и загрејте ги на среден оган. Варете сè додека од млекото не почне да излегува пареа. Со помош на мешалка, изматете го млекото сè додека не се згусне, па сипете го во две различни шолји. Додајте го и свежо подготвеното еспресо. Послужете веднаш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.