ДПМНЕ, ЗНАМ, ВЛЕН не гласаа за измените на Законот за заштита на шумите предложени од Левица. Законот за забрана за градење на опожарени подрачја не помина.
-Со измените се предвидуваше 50 години забрана за урбанизација, изградба на објекти, изградба на фотоволтаични централи и сеча на дрвја на земјиште зафатено од пожар. Целта ни беше законски да ги отстраниме овие мотиви за подметнување на пожари, рече Јанчев, пратеник на Левица.
За тоа која е целта и која им е намерата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ да не гласаат за закон кој е во прилог на граѓаните и во заштита на животната средина Јанчев само кратко вели „треба нив да ги прашате”.