Леден десерт од банана

Во текот на летните горештини најдобро е да се освежите со овошни ледени пијалаци.
Потребни состојки за леден десерт од банана:
-2 замрзнати банани
-250 мл млеко
-2 лажици мед
-2 лажици путер од кикирики
-шлаг за декорација
-половина лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Сите состојки, освен шлагот, ставете ги во блендер и убаво измешајте. Смесата ставете ја во високи чаши, па декорирајте со претходно изматениот шлаг.
По желба може да додадете и две топки сладолед од ванила.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.