Времето на јагодите секогаш го користиме за најслатки десерти, а денес ви пренесуваме рецепт за колач кој се подготвува за многу кратко време.
Потребни состојки:
- 300 мл. засладена слатка павлака
- 800 гр. јагоди
- 150 гр. сечкани јагоди
- 300 гр. бисквити
- шеќер во прав
Начин на подготовка:
Изматете ја слатката павлака, а потоа изблендирајте ги јагодите и додајте ги. Добро промешајте, па додајте ги и сечканите јагоди.
Обложете сад со проѕирна фолија и ставете ги бисквитите на дното. Истурете ја смесата со јагоди, па одозгора додајте уште еден ред бисквити. Покријте со фолија и оставете во замрзнувач околу 4 часа. Посипете со шеќер во прав.