Спуштањето на стомакот може да биде вродено или како резултат на општото спуштање на стомачните органи, црниот дроб, панкреасот, бубрезите…
Причини се неправилниот живот, претерана тешка физичка работа и силно слабеење на организмот.
Се чувствува тежина во стомакот, киселина, понекогаш болки во стомакот и грбот меѓу плешките, главоболка и срцебиење.
Во левата горна половина уште од изутрина започнува непријатна болка во правец на срцето. Таквиот стомак се празни бавно, а на допир во областа на папокот дава звук на клокотење на вода.
Наутро, напладне и навечер на болниот му се дава по една лажица од следнава смеса:
500 г мед и
50 г чиста борова смола
Се мешаат убаво и се варат на пареа дури не се раствори смолата.
ЧАЈ:
Се зема по 50 г од секоја од билките кои можете да ги купите во Билна аптека:
-петровец
-цвет од бела и жолта ајдучка трева
-мента
-бело подабиче
-црвен кантарион
-модра линцура
-корен од цикорија
Три лажици од смесата вријат 15 минути со 600 мл врела вода.
Кога ќе се олади се цеди и се додаваат 3 лажици мед.