Лесен рецепт за вкусен леб од нутела

Постои рецепт за леб од нутела кој е многу едноставен, а единствениот тежок дел е што треба да чекате 45 минути да се испече за да можете да уживате во неговиот вкус!
Лесен рецепт за вкусен леб од нутела
Потребни состојки:
250 г пченично брашно
150 г шеќер
1/2 лажичка сода бикарбона
1 лажичка прашок за печиво
1/2 лажичка сол
2 јајца
1 лажичка екстракт од ванила
80 милилитри масло од канола или растително масло
250 г грчки јогурт
100 г нутела


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 степени.
Премачкајте го калапот за печење (со големина 23х13 см) со растително масло или масло од канола.
Во голем сад измешајте ги јајцата, шеќерот, екстрактот од ванила, маслото и грчкиот јогурт.
Во друг сад измешајте ги сувите состојки: брашното, сода бикарбоната, солта и прашокот за печиво.
Потоа измешајте ги овие две смеси заедно и мешајте додека не се соединат.
Половината од добиената смеса ставете ја во друг сад и во неа додајте ја нутелата.
Со голема лажица наизменично додавајте од двете смеси во калапот.
Промешајте ја смесата со нож или виљушка така што допирајќи го дното на тавата ќе го исцртате бројот 8.
Печете 45 минути до 1 час, проверувајќи го вашиот леб со чепкалка за заби. Ако чепкалката е сува, тогаш лебот е готов.
Оставете да се олади 15 минути, а потоа уживајте во вкусот!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.