Лесен чоколаден рум колач за сите љубители на десертите

Доколку го сакате вкусот на чоколада и рум, тогаш сигурно ќе ви се допадне овој домашен колач со богата арома.
За да подготвите домашни рум пунч коцки, потребни се следниве состојки:
250 грама путер
6 јајца
300 грама шеќер
200 грама брашно
едно пакување прашок за пециво
40 грама какао
20-30 милилитри рум
3 лажици џем или мармалад по избор


4 редови чоколадо за готвење и една лажица масло (за глазура)
Се одделуваат жолчките од белките од јајцата. Белките се матат убаво. Потоа се матат шеќерот и путерот и им се додава една по една жолчка. Потоа додавате брашно, постепено, прашокот за пециво и на крајот лажица по лажица, снегот од белки.


Ја мешате смесата и ставате да се пече во подмачкан плех на 200 степени. Кога ќе се излади, пресечете го пандишпанот на два дела. Горниот дел изронете го, додајте ги румот и џемот и измешајте, но внимавајте да не се претвори во тесто.
Нанесете ја смесата врз долниот пандишпан, израмнете убаво и прелијте со глазура од чоколадото за готвење и малку масло.
По желба, украсете со јатки или сушено овошје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.