Палачинките се омилена храна на секој од нас, во блага, но и во солена варијанта. Пробајте го овој рецепт за похувани палачинки- сигурно ќе ви се допадне.
Потребни состојки:
10 солени палачинки
400 г шунка
300 г гауда
1 кисела павлака
2 јајца
100 г брашно
200 г презла
Масло
Начин на подготовка:
Испржете ги палачинките. Исечкајте ја гаудата на подебели и подолги листови. На една палачинка ставете две парчиња шунка, премачкајте со една лажичка кисела павлака и на средината ставете едно парче гауда. Преклопете ги краевите на палачинката, а потоа замотајте. Повторете ја постапката додека да ги потрошите палачинките. Додајде ги палачинките во брашно, потоа во изматените јајца и на крај во презла. Пржете ги и од двете страни додека да добијат златно-кафеава боја.