За оние на кои им паѓа шеќерот и на топло време – идеален десерт се сендвич колачите со сладолед за освежување.
Иако за некои е полесно да си купат еден сладолед, друго е задоволството кога сами ќе си подготвите десерт по вкус.
Израдувајте ги најблиските со освежителни сладолед колачиња, потопени во чоколадо.
Потребни состојки:
300g сладолед од ванила (или друг вкус по желба), малку растопен
За смесата:
125g брашно
½ лажица сода бикарбона
75g путер, стопен
100g кафеав шеќер
70g бел шеќер
1 јајце
½ лажица екстракт од ванила
130g чоколаден чипс
За чоколаден прелив:
300g чоколаден чипс
Малку оризови снегулки
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 160ᵒС.
Распоредете го омекнатиот сладолед во четвртаста тава врз харија за печење. Измазнете ја смесата и ставете да се смрзне додека не се стврдне.
Измешајте ги брашното, содата, солта, путерот, двата типа шеќер, јајцето, екстрактот од ванила.
Откако ќе ја соедините смесата додадете го и чоколадниот чипс за смесата и мешајте повторно.
Разнесете ја смесата врз тава или калап со иста големина како за сладоледот и печете 15 минути, а потоа оставете ја малку на собна температура.
Исечете го колачот на повеќе мали, коцкасти парчиња.
Извадете го сладоледот и исечете го на помал број парчиња, подолгнавести. Ставете го назад во фрижидер.
Стопете го чоколадниот чипс и измешајте го со оризовите снегулки и тргнете го настрана.
Земете парче сладолед во форма на правоаголник и ставете го помеѓу две коцки од колачите.
Едниот крај на сладоледот потопете го во стопеното чоколадо.
Ставајте ги сендвичите на хартија за печење и ставете да се смрзнат и стврднат.