Летен колач со праски

2 готови пандишпани за торта
2 пудинга од ванила
1 литар млеко
4 лажици шеќер
200 г шеќер во прав
2 лажици густин
125 г маргарин
1 кесичка желатин
500 г праски
Измешајте ја содржината од кесичките пудинг со 8 лажици ладно млеко, шеќерот и густинот. Промешајте за да добиете изедначена смеса без грутчиња. Остатокот од млекото сварете го и кога ќе зоврие, тргнете го од огнот. Во зовриеното млеко постепено додавајте ја смесата со прашокот за пудинг, а притоа постојано мешајте. Вратете ја добиената смеса на оган и со непрекинато мешање оставете ја уште еднаш кратко да зоврие. Оставете го пудингот добро да се олади.
Во подлабок сад пенесто изматете го маргаринот со шеќерот во прав. Откако ќе добиете изедначена смеса, додајте го пудингот и повторно матете за целата смеса добро да се соедини.
Ставете ја првата кора пандишпан на чинија за торта и натопете ја со неколку лажици заблажено млеко.
Премачкајте со половина од кремот. Прекријте втората кора пандишпан, натопете ја со млеко и премачкајте ја со преостанатиот крем.
Наредете ги праските исечени на резанки. Може да употребите и друго сезонско овошје како малини, капини или јагоди.
Желатинот подгответе го според упатството на кесичката, нанесете го на колачот и изладете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.