вој рецепт за крем салата со компири е вистинско освежување во летните денови.
Потребни состојки:
-3 чаши варен компир исечен на коцки
-половина чаша сварен грашок
-половина чаша морков исечен на ленти
-јаболко исечено на коцки
-сол, бибер
-сок од лимон
-125 г мајонез или кисела павлака, по избор
Подготовка:
Морковот и грашокот сварете ги во солена вода, но да не бидат премногу меки. Извадете ја водата и додека се топли измешајте ги со претходно сварениот компир, јаболкото и мајонезот, односно павлаката.
Салатата зачинете ја со сок од лимон, сол и бибер и иставете малку да отстои пред да послужите за јадење.