Лидерите на ЕУ обединети повикаа на итна хуманитарна пауза, на прекин на огнот во Газа и ослободување на сите заложници

Во текстот што го договорија 27-те шефови на држави и влади на ЕУ, лидерите велат дека Европскиот совет повикува на итна хуманитарна пауза што ќе доведе до одржлив прекин на огнот, безусловно ослободување на сите заложници и обезбедување на хуманитарна помош

Лидерите на Европската унија повикуваат на итна хуманитарна пауза што ќе доведе до одржлив прекин на огнот во Газа, пренесува Си-ен-ен.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел рече дека европските лидери се договориле за обединета изјава за Блискиот Исток.

Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

„ЕУ повикува на итна хуманитарна пауза што ќе доведе до одржлив прекин на огнот. Целосниот и безбеден хуманитарен пристап во Газа е од суштинско значење за да се обезбеди помош за спасување на цивилното население во катастрофална ситуација во Газа“,

рече Мишел.

Во текстот што го договорија 27-те шефови на држави и влади на ЕУ, лидерите велат дека Европскиот совет повикува на итна хуманитарна пауза што ќе доведе до одржлив прекин на огнот, безусловно ослободување на сите заложници и обезбедување на хуманитарна помош.

Во соопштението, исто така, се осудува Хамас „најостро за неговите брутални и недискриминирачки терористички напади низ Израел на 7 октомври 2023 година, признавајќи го правото на Израел да се брани во согласност со меѓународното право и меѓународното хуманитарно право, и повикува на итно ослободување на сите заложници. без никаков предуслов“.

„Европскиот совет е длабоко загрижен за катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа и нејзниот непрофесионален ефект врз цивилите, особено врз децата, како и за непосредниот ризик од глад предизвикан од недоволниот влез на помош во Газа. Целосниот брз, безбеден и непречен хуманитарен пристап до и низ појасот Газа преку сите правци е од суштинско значење за да се обезбеди на цивилното население помош за спасување животи“,

се вели во соопштението од лидерите на ЕУ.

Во заклучоците, исто така, се забележува дека „треба да се преземат итни мерки за да се спречи какво било понатамошно раселување на населението и да се обезбеди безбедно засолниште за населението за да се осигура дека цивилите се заштитени во секое време“.

Пронајдете не на следниве мрежи: