Ликер од мушмули: Го прочистува црниот дроб, ги регулира холестеролот и варењето на храната

Во време кога природата полека се подготвува за зимски сон, на едно овошје сега му почнува сезоната. Тоа е мушмулата. Токму сега е вистинското време за берба на ова запоставено и многу лековито овошје.
Ликер од мушмули: Го прочистува црниот дроб, ги регулира холестеролот и варењето на храната
Мушмулите се полни со витамин Ц и го зајакнуваат имунитетот и со тоа ве штитат од сезонските настинки. Ако веќе сте настинале, тие ќе ви помогнат во борбата против кашлицата.
Исто така, мушмулите треба да ги јадат луѓе кои имаат запек бидејќи е докажано дека успешно го регулираат и го поттикнуваат варењето на храната. Исто така, ќе ви помогнат ако чувствувате подуеност или болки во стомакот.
Покрај варењето на храната, тие го регулираат нивото на лошиот и на добриот холестерол во крвта и ги прочистуваат црниот дроб и бубрезите.
За да уживате во нивните придобивки во текот на целата година, направете ликер од мушмули.


Потребни состојки:
600 грама зрели мушмули
500 милилитри ракија
250 грама шеќер
Начин на подготовка:
Измијте ги мушмулите убаво, исушете ги и ставете ги во поголема стерилизирана тегла. Ставете ги ракијата и шеќерот во поголемо тенџере и загревајте на средна топлина додека шеќерот не се растопи. Истурете ја целата течност во теглата и затворете ја.
Ставете ја на темно, ладно и суво место и протресувајте ја теглата еднаш дневно во текот на следните седум дена. Потоа, оставете го ликерот да стои уште три недели, по што можете да го процедите и да го турите во шишиња.
Совет: Мушмулите обично се берат додека се сè уште тврди и светли, а потоа се оставаат да созреат на суво и поладно место. Зрелите мушмули ќе ги препознаете по нивната боја. Кога зреат, тие стануваат темнокафеави, многу меки на допир, а на кората имаат набори.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.