За време на летните горештини нема ништо поубаво од освежување со вкусна, разладена лимонада. Меѓутоа, таа што ја правиме дома никогаш нема ист вкус како купената во слаткарница.
Се прашувате зошто? Ви откриваме една тајна која добро се чувала со години, а се однесува на една намирница на која никогаш не би се сетиле.
Подгответе голем сад во кој ќе ги соедините состојките, а потоа истурете ја лимонадата во шишиња, изладете ја и уживајте во вкусот кој ве враќа во детството.
Потребно
10 литри вода
5 лимонтуси
1-2 лимони
1 шише екстракт од лимон
1 килограм шеќер
Подготовка
Истурете вода во поголем сад и додадете го сокот од лимон, исцедените лимони, екстрактот од лимон и шеќерот. Доколку лимонот е органски, можете да ја исечете кората и да ја додадете во водата.
Мешајте неколку минути додека сè да се соедини, истурете во шишињата и оставете добро да се излади, а при послужување можете да додадете и лист нане, ќе му даде вкус и ќе изгледа одлично.
Уживајте!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.