Линцери со ореви и коријандер

Состојки
2 јајца
4 лажици мед
5 лажици шеќер
100 гр путер
450 гр брашно
1/2 кесичка печиво
50 гр мелени ореви
1 лажичка коријандер
мармалад од кајсии и шеќер во прав

Јајцата кратко се матат со путерот и со шеќерот.
Се додаваат останатите сосотојки и се замесува тесто.
Се остава на ладно околу половина час.
Се суши тенка кора (околу 5 мм) и со модла се вадат форми. На секоја втора форма со помала модла се прави дупче во средината.
Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути.
Формите без дупче се мачкаат со мармалад од кајсии, а другите што се со дупче со валкаат во шеќер во парв и се лепат по две.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.