Состојки:
– 500 гр брашно
– 1 кесичка сув квасец
– 1 лажица шеќер
– 1 кафена лажичка сол
– 1 јајце
– 1 жолчка од јајце
– 50 ml масло
– 300 мл млеко
– 80 гр путер
– 4 чешниња лук
– 2 стебленца свеж магдонос
– 150 гр рендана моцарела
За премачкување:
– 1 јајце
– 3 лажици сусам
Подготовка:
Измешајте ги сите суви состојки.
Загрејте го млекото.
Изматете го целото јајце, жолчките и маслото.
Додадете брашно во млекото и јајцата. Направете меко тесто и оставете го да нарасне.
Потоа преместете го тестото и развлечете го на дебелина од еден сантиметар, па премачкајте го со путер во кој сте додале лук.
Посипете со сечкан свеж магдонос и рендана моцарела.
Тестото се става во плех, се остава да стаса околу половина час, па се премачкува со изматено јајце и се посипува со сусам.
Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 50 минути.
Пријатно!